12.8 C
Скопје
10:56 - 13 март, 2026

(Фото) Се омажи Теа Таировиќ! Згодната пејачка блесна во раскошна венчаница покрај саканиот Иван

Теа Таировиќ и Иван Вардај вчера го изговорија судбоносното „да“ на интимна церемонија одржана на брегот на Дунав во Нови Сад.

Во друштво на најблиските пријатели и членови од семејството, младенците ја прославија љубовта во романтичен амбиент под цветна купола, во присуство на околу 120 гости.

Иако сакале свадбата да остане далеку од очите на јавноста, сега се појави фотографија што ги разнежи многумина, таа на која Теа и Иван позираат со матичарката веднаш по изговорените завети.

На фотографијата, објавена на инстаграм-страницата на луксузниот локал каде се одржа венчавката, Теа блеска во раскошен бел венчален фустан украсен со кристали, со насмевка што не исчезнува од нејзиното лице. Во рака држи букет, додека до неа стои нејзиниот избраник Иван во елегантен црн смокинг со лептир машна, а од другата страна е матичарката во елегантна црна комбинација.

Фото: Инстаграм

Инаку, пејачката до олтарот ја испрати нејзиниот татко Зоран Таировиќ, а првиот танц го имаа на песната „Рингишпил“ од Ѓорѓе Балашевиќ, како омаж на Нови Сад и уметникот кој одбележа генерации.

Бендот што ја забавувал публиката бил „Акустична соба“, чие член е и нејзиниот вујко Горан Таировиќ.

Таировиќ по венчавката кусо изјавила: „Ова е посебен ден за мене и Иван, кој ќе го паметиме засекогаш. Ви благодариме на сите што ни ја разубавија свадбата, како и на медиумите за разбирањето дека сакавме овој чин да остане интимен“.

Бидејќи желбата на младенците била венчавката да биде интимна, на славењето се појавиле и неколку колеги – Барбара Бобак и Сања Вучиќ.

Слични објави

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо

Хороскоп за 13 март: Раковите ги очекува нова работа, Скорпиите ќе ги откријат новите идеи на партнерот

Еспресо

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо
Се вчитува....