14:19 - 10 април, 2026

(Фото) Романтика со саканиот, на море со децата: Катарина Ивановска ги сподели најинтересните моменти од летово

Се наоѓаме среде едно од најдрагите годишни времиња на многумина – летото, а повеќето од познатите личности веќе отпатуваа на интересни дестинации и редовно споделуваат како ги поминуваат топлите денови.

Меѓу нив е и нашата најуспешна манекенка Катарина Ивановска, која со објава на својот инстаграм-профил направи мало резиме за најинтересните случувања од нејзиното секојдневие. Од квалитетно време поминато со своите деца, синот Вања и ќерката Кира, па сè до романтични излегувања со партнерот Стефан Ханџиски – Ивановска има навистина исполнето лето годинава.

Како музичка основа за фотографиите ја избра песната „All on a Summers Night“ на легендарната Грејс Џонс, која летово направи спектакуларен концерт во рамки на фестивалот „Скопје колинг“. Меѓу другото, манекенката објави и фотографија од овој музички настан.

„Лето на пола“, напиша Ивановска во описот на фотографиите, додавајќи емотикони кои асоцираат на лето – сонце, море, риби и сл.

Слични објави

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova
Се вчитува....