08:37 - 12 ноември, 2026

(Фото) Прв одмор со малата Тина — Александра Јанева ја покажа ќерката

Пејачката Александра Јанева ужива во првиот семеен одмор со својата ќеркичка Тина, која се роди во мај годинава.

Јанева сподели нежна фотографија од плажа, на која ја држи малата Тина додека таа ги допира нозете во морето.

Фото: Инстаграм/Александра Јанева

Тина е прво дете на Александра и нејзиниот сопруг Иван Ангелов. Девојчето се роди во мај, а веста тогаш беше објавена со пораката „Добредојде најмило бебе Тина“.

Неколку месеци пред да стане мајка, Јанева во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за исчекувањето на ќерката и откри дека таа и Иван уште во текот на бременоста постојано ѝ зборувале на својата неродена ќерка.

„Уживам во секој еден ден од новонастанатата состојба. Се радуваме многу и двајцата, ѝ се обраќаме на нашата идна ќеркичка неколкупати во денот со слатки зборови и полека почнуваме да се спремаме со бебешка опрема“, рече тогаш Јанева за „Слободен печат“.

Во истото интервју пејачката кажа дека по повеќе од десет години активно настапување решила да направи пауза токму поради новата животна улога.

„Сега кога очекувам бебе, за првпат по повеќе од 10 години активно настапување ќе направам мала пауза. Настапував до петтиот месец од бременоста, но сега чувствувам дека е време да подзастанам и да си дадам повеќе време на самата себе, да се посветам и да се подготвам за најважната улога во животот, да станам мајка“, изјави Александра.

Александра и Иван се венчаа во август 2024 година во Струмица, откако претходно се свршија во 2023 година. Нивната љубовна приказна започнала необично, со случајно испратена порака од Иван. Тој сакал да ѝ испрати фотографија од кинеско јадење на својата сестра, која исто така се вика Александра, но фотографијата по грешка завршила кај пејачката. Разговорот што следувал не престанал, а набргу почнала и нивната врска.

За сопругот, Јанева во интервјуто за „Слободен печат“ рече дека е „многу емотивен човек, многу внимателен, културен и смирен, полн со разбирање“, додавајќи дека меѓусебно се поддржуваат и уживаат во животот што го градат заедно. Иван е поранешен младински ракометен репрезентативец, а по професија е програмер. Александра по професија е стоматолог, а важи за еден од нашите најдобри женски поп вокали.

Пред да се венчаат, Александра исто така зборуваше за нивната врска за „Слободен печат“.

„И двајцата сме си голема поддршка еден на друг, се мотивираме заеднички, ги славиме заеднички нашите успеси, но и заеднички се тешиме кога нешто не оди според планот“, рече Јанева.

Слични објави

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо
Се вчитува....