3.8 C
Скопје
21:55 - 20 декември, 2024

ФОТО: Попопуларна и од познатите – Таа е првата личност која успеа да собере 100 милиони следбеници на ТикТок

Ангажманот на социјалните мрежи ја донесе Чарли до првата улога во долгометражниот филм, лансирање на сопствената колекција за шминка, соработка со големите брендови, реклами за SuperBowl…


Чарли Дамелио е прва кориснична на ТикТок која собра повеќе од 100 милиони следбеници, оставајќи ги така зад себе ѕвездите како Аријана Гранде, Кајли Џенер и Селана Гомез.

Фото: Инстаграм


Оваа 16-годишна девојка се најде на удар на критики пред неколку дена поради своето однесување на една вечера и започна да губи и по 14.000 следбеници на час. Но, изгледа дека фановите сепак и простија, па така Чарли го собори рекордот на оваа социјална мрежа.

@charlidamelio

A HUGE THANK YOU TO EVERYONE WHO HAS HELPED ME REACH 100 MILLION SUPPORTERS!!! AND ANOTHER HUGE THANK YOU TO @tiktok I LOVE EVERY ONE OF YOU!!! ??

♬ original sound – charli d’amelio

„Собрав 100 милиони следбеници на ТикТок. Не знам ниту како да реагирам, главно поради тоа што не сум свесна дека ова е вистина. Едноставно, искрено не знам што да направам. Сама сум во својата бања и ги гледам објавите на Твитер, а искрено не знам што правам. Толку сум збунета. Пред нешто повеќе од една година бев во Конектикат и редовно се школував, не правејќи ништо, а сега живеам во Лос Анџелес и ги имам најдобрите пријатели. Да ја нема пандемијата, би сакала веднаш да се сретнам и да се поздравам со сите 100 милиони луѓе. Но тоа сега е невозможно“, изјави Чарли во видеото кое го сподели на социјалните мрежи.


Освен што има најмногу следбеници на оваа социјална мрежа, Чарли собори уште еден рекорд. Имено, таа собра 100 милиони следбеници во рекорден рок. На Јутјуб му беа потребни 14 години за првиот корисник на оваа платформа да собере волку голем број на следбеници, додека на 16-годишната Чарли на ТикТок тоа и успеа за една ипол година.

Фото: Инстаграм


Таа својот профил на ТикТок го направи во мај 2019 година, каде објави видео на кое танцува во својата соба.

Бројката од 100 милиони е голема пресвртница и за самата ТикТок апликација.


Ангажманот на социјалните мрежи ја доведе Чарли до првата улога во долгометражен филм, лансирање на сопствената колекција за шминка, соработка со големите брендови, реклами за SuperBowl… Таа се појави и во видеоспотот на Џенифер Лопез, а нејзината прва книга под називот „Essenrely Charli: Ultimate Guide to Keeping It Real” ќе биде објавена наредниот месец.

Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....