-0.2 C
Скопје
00:51 - 27 февруари, 2026

(ФОТО) ПОЧИВАЈ ВО МИР, моја Лулице: Анастасија Ражнатовиќ скршена од болка!

Српската поп – ѕвезда и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ на својот инстаграм – профил сподели тажна вест.

Младата пејачка се прости од своето милениче, нејзиното преслатко куче од расата померанец. Лули беше миленицето на Анастасија за кое пејачката беше многу поврзана.

„Почивај во мир, моја Лулице! Те сакам и знам дека повеќе ништо не те боли, тоа ми е единствена утеха! Ти беше најдоброто куче на светот. Ќе те сакам засекогаш“, напиша Анастасија на својот инстаграм – профил.

Фото: Принтскрин/Instagram

Анастасија во последниот период ги полни насловните страни на српските медиуми по разделбата со нејзиното момче. Пејачката и познатиот српски бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ се разделија по пет години љубовна врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANASTASIJA NEWS (@anastasijanews)


Двајцата неодамна решија да стават крај на врската бидејќи се помалку време поминувале заедно во Србија, поради бројните патувања и деловни обврски.


Имено, причината за раскинувањето била тоа што тие често биле разделени во последниот период, но и други непремостливи разлики.

Одлуката за разделбата била заедничка одлука меѓу Анастасија и нејзиното момче и во истата, не било вмешано трето лице. Анастасија и Ѓорѓе се разделиле на крајно пријателски начин.


За потсетување, Анастасија и Ѓорѓе почнаа да се забавуваат на дочекот на Новата 2017 година. Ражнатовиќ првата година не ја коментираше врската во јавноста, а сите детали за врската се обидуваа да ги скријат од очите на јавноста.


По нешто повеќе од една година врска, Анастасија прозборе за љубовта со младиот бизнисмен, но никогаш не се сликаа заедно за списанија, само папараците успеаја да ги фатат неколку пати на забавата и на семејните веселби.

Слични објави

(Фото) Краткиот шорц ѝ ги истакна долгите нозе: Ќерката на Здравко Чолиќ на ноќно излегување по бомбашкиот напад на нивниот дом

Еспресо

„Ќерките се селат и се мажат, нормално е“: Харис Џиновиќ за преселбата на Ѓина во Барселона и неговиот зет

Еспресо

(Фото) Дечкото на Тања Савиќ го прослави 30. роденден: Муки направи фешта, а „падна“ и бакнеж

Еспресо

(Фото) Се бакнуваат, таа стави и сино срце: Љубовната објава на Милица Тодоровиќ ги воодушеви луѓето!

Еспресо

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо
Се вчитува....