2.8 C
Скопје
03:32 - 17 март, 2026

(Фото) Ова е мајката на Емина Јаховиќ: Многумина сметаат дека воопшто не личат!

Емина Јаховиќ објави заедничка фотографија со својата мајка и напиша колку многу ѝ значи.

Познато е дека пејачката настојува приватниот живот да го држи подалеку од очите на јавноста, но еднаш на социјалните мрежи покажа како изгледа нејзината мајка.

– Мајка како инспирација за сè. Те сакам. За многу нешта во животот ти си мојата гордост – напиша Емина во објавата.

Иако многумина сметаат дека пејачката не личи премногу на мајка ѝ, нејзината порака беше искрена и полна со љубов.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Инаку, како што е познато, многу жени од јавната сцена денес се подложиле на естетски зафати.

Не е тајна дека бројни ѕвезди вложуваат големи суми пари за да постигнат совршен изглед, кој најчесто го должат на пластичните хирурзи.

Сè повеќе познати дами се решаваат на естетски интервенции, а една од оние кои драстично го имаат променето својот изглед е токму Емина Јаховиќ.

Сепак, таа еднаш јавно зборуваше за тоа на својот профил на Твитер и предизвика бројни реакции.

– Кога сме веќе кај операциите, време е да ви кажам и лично да потврдам сè што не знаете. Во животот немам направено ниту една пластична операција, освен операцијата на носот, кој го скршив првпат на 14 години – напиша тогаш пејачката.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....