21:39 - 5 април, 2026

ФОТО: Објавена последната фотографија на Шон Конери – Актерот не е тој што го паметиме

Вдовицата на актерот Шон Конери, Мишелин Рокбрун, на својот Инстаграм профил објави емотивна фотографија, која е последната фотографија од неодамна починатиот сопруг, каде тие двајца се држат за раце.

Конери со сопругата е фотографиран на нивната 45-годишница од бракот и многумина веруваат дека тоа е една од нивните последни заеднички фотографии.

Фото: Инстаграм

Исто така Мишелин откри дека Шон Конери боледувал од деменција веќе некое време.

„Тоа не беше живот за него. Почина во сон. Бев со него цело време, а тој замина достоинствено. Се беше онака како што тој сакаше“, изјави таа.

Шон и Мишел се запознаа во далечната 1970-та година, а пет години подоцна се венчаа. Во брак беа 45 години, а Конери до смртта беше заљубен во својата сопруга.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....