1.8 C
Скопје
04:11 - 15 март, 2026

(Фото) Нов бизнис: Ќерката и синот на Драгана Мирковиќ изнајмуваат дел од замокот во Австрија за свадби!

Мануела и Марко Бијелиќ, наследниците на фолк дивата Драгана Мирковиќ, неодамна влегоа во претприемнички води и започнаа сопствен бизнис. Иако Драгана не се меша во нивната работа, таа им дава целосна поддршка.

Како што ексклузивно дознава српскиот „Курир“, ќерката и синот на Драгана решиле да изнајмуваат дел од својот замок во Ебенфурт, јужно од Виена, за приватни прослави. Интересот за просторот е огромен – локацијата е резервирана со месеци однапред.

„Драгана нема никаква поврзаност со овој бизнис. Тоа е исклучиво идеја и желба на нејзините деца. Таа и понатаму се држи до пеењето, но ги поддржува безрезервно, како што секогаш стоела зад нив. До идејата дошле сами, откако организирале свои забави во замокот и сфатиле колку е просторот идеален за свадби и родендени. Се договориле да започнат со изнајмување на дел од замокот. Мануела и Марко се школувани, вредни и самостојни – ова беше совршен начин да заработуваат. Си ги поделија обврските: Мануела е задолжена за креативниот дел, а Марко за бизнисот“, открива изворот.

И покрај тоа што штотуку започнале, интересот е голем. Пред неколку недели во градината на замокот се одржала спектакуларна свадбена прослава, а фотографиите на Инстаграм покажуваат бајковита декорација, цветни аранжмани и внимателно осмислени детали под будното око на Мануела и Марко. Тие се пресреќни што работата тргнала во позитивна насока.

Да потсетиме, овој импозантен замок има културно-историско значење и, според пишувањата, чинел околу 50 милиони евра. Бидејќи Драгана е една од најпознатите фолк ѕвезди на Балканот, многу нејзини обожаватели секојдневно доаѓаат со автомобили да го видат замокот, да се фотографираат пред него и да „почувствуваат“ дел од неговата историја – во која, крајот на 17. век, често престојувала и Марија Терезија.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....