00:23 - 24 јуни, 2026

(Фото) Никој не ѝ е рамен: Јелена Карлеуша го распродаде парфемот за само неколку часа!

Српската пејачка Јелена Карлеуша ја претстави својата козметичка линија, за која рече дека е нешто на кое многу работела и е многу горда. За почеток, таа лансираше унисекс парфем „Ја“ и мирисен спреј за коса и тело.

Музичката ѕвезда сега соопшти дека првиот тираж на парфемот и спрејот е распродаден.

„Мојот парфем е распродаден! Првиот тираж од парфемската линија ‘Ja’ е распродаден за неколку часа. Вториот тираж на парфемот, како и спрејот за коса и тело, од денеска е достапен во сите поголеми продавници на ‘Лили’. Исто така, од сега парфемите и спрејовите ќе можат да се порачаат онлајн од сите држави на Европската Унија, како и од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

Парфемот „Ја“ е ориентално-цветен мирис за жени и мажи. Горната нота е цвет од портокал, средната нота е јасмин, додека основните ноти се ванила и килибар. Парфемот е опишан како „идеален избор за силни жени и мажи кои бараат елеганција“. Цената му е околу 57 евра.

Слични објави

(Фото) Идиличен летен одмор – бремената Деа Ѓурѓевиќ покажа како ужива во базен

Еспресо

(Фото) Иднина на престижен универзитет – синот на Вики Миљковиќ матурираше, гордата пејачка ја сподели радоста на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Атина целата во злато – ќерката на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша воодушеви со модното издание

Еспресо

(Фото) Маја Шупут замина на заслужен одмор: Откри со кого ужива на Ибица

Еспресо

Најслушаната српска песна во историјата: Дует стар повеќе од една деценија и натаму руши рекорди

Еспресо

Финалист од „Ѕвездите на Гранд“ откри непознати детали за Марија Шерифовиќ: „Не се споредува каква е деловно и приватно“

Еспресо
Се вчитува....