14:42 - 5 декември, 2025

(Фото) Никој не ѝ е рамен: Јелена Карлеуша го распродаде парфемот за само неколку часа!

Српската пејачка Јелена Карлеуша ја претстави својата козметичка линија, за која рече дека е нешто на кое многу работела и е многу горда. За почеток, таа лансираше унисекс парфем „Ја“ и мирисен спреј за коса и тело.

Музичката ѕвезда сега соопшти дека првиот тираж на парфемот и спрејот е распродаден.

„Мојот парфем е распродаден! Првиот тираж од парфемската линија ‘Ja’ е распродаден за неколку часа. Вториот тираж на парфемот, како и спрејот за коса и тело, од денеска е достапен во сите поголеми продавници на ‘Лили’. Исто така, од сега парфемите и спрејовите ќе можат да се порачаат онлајн од сите држави на Европската Унија, како и од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

Парфемот „Ја“ е ориентално-цветен мирис за жени и мажи. Горната нота е цвет од портокал, средната нота е јасмин, додека основните ноти се ванила и килибар. Парфемот е опишан како „идеален избор за силни жени и мажи кои бараат елеганција“. Цената му е околу 57 евра.

Слични објави

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо
Се вчитува....