09:38 - 20 декември, 2025

(Фото) Неда Украден не сака во пензија: Јас сум секогаш најсекси, со тоа се раѓаш

Пејачката Неда Украден (73) неодамна гостуваше во хрватската емисија „Магазин ин“, каде откри зошто би ја укинала пензијата и како изгледаат нејзините „најубави години“.

„На жената никогаш не ѝ е доста од коплименти. Што се однесува до децениите, јас ви го давам овој пријателски совет – не ги спомнувајте. Знаете, јас сум во најубавите години. Стар си онолку колку што се чувствуваш, колку енергија имаш, колку си витален, колку љубов чувствуваш итн.“, изјави таа.

Фото: Фејсбук/Неда Украден

Пејачката ја „вежба“ својата позитивност, но делумно е и родена со неа.

„Има по нешто и од двете. Јас родена сум под таква ѕвезда која пука од енергија. Јас сум двоен Лав во хороскоп, но зрелоста носи и многу попаметен став во животот“.

Фото: Фејсбук/Неда Украден

На прашањето на водителката како изгледа кога ќе се разбуди наутро, дали е „најсекси баба“ како што ја нарекуваат, пејачката одговори дека е родена со тоа.

„Па, јас сум секогаш најсекси. Тоа е нешто со коешто се раѓаш. Не може само да купиш фустан и магично да станеш секси во него“, одговори таа и додаде што мисли за пензионирањето.

„Каква пензија, јас би ја укинала. Јас би ја забранила таа пензија“, потенцираше таа.

Фото: Фејсбук/Неда Украден

Украден е горда баба на три внуци – Неда, Александра и Душан, кои, како што открива таа, ја нарекуваат „баба“, како што и таа ја нарекувала својата баба.

„Знаете зошто? Затоа што сакам да ги скршам предрасудите дека баба е грд збор. Мислам дека тоа е најубавиот збор што детето го изговара за првпат. Јас сум среќна. Прво, среќна сум што имам внуци. Мислам дека тоа е еден дар од Бога кој е неспоредлив со кој било друг успех во животот. Само се обидувам да им покажам и да им докажам дека, пред сѐ, тие се мојата најголема радост и богатство. Баба им е таа што ќе ги поддржи и награди колку што може, но тие мораат да бидат образовани, вредни и благодарни“, објасни пејачката.

„Но, баба – риба! За да нема забуни“, шеговито додаде таа.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 декември: Искористете ја вашата енергија за да донесете важни одлуки

apostolova

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо
Се вчитува....