-2.2 C
Скопје
06:00 - 8 април, 2025

(Фото) Наташа Беквалац „скршена“ за Северина: „Срцето ми се кине, децата им припаѓаат на мајките“

Откако Врховниот суд во Хрватска ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и ја тргна музичката ѕвезда Северина Вучковиќ од заедничкото старателство над нејзиниот син Александар, се огласија многу познати дами од Србија.

Меѓу нив е и српската пејачка Наташа Беквалац, која и самата е мајка на две девојчиња, а оваа одлука ѝ паднала многу тешко.

„Од вчера, кога прочитав за оваа трагедија од вест, срцето ми се кине. На Северина ѝ посакувам натчовечка сила да го заштити и врати своето дете. Децата припаѓаат покрај нивните мајки“, напиша таа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Северина вчера се огласи на социјалните медиуми, објавувајќи срцепарателна порака за актуелните случувања.

„За малата капка на дланката и процедурата.

Го носам уште кога беше мала капка на дланката. Откако се роди, бевме само ние двајца. Прв заб, прва температура, први чекори. Тато повремено се појавуваше, како и ден-денес, и си заминуваше. И тогаш одеднаш реши да стане татко. Оттогаш, речиси 11 години, траат тортурата и агонијата – на мене и на моето дете. Сослушувања, рочишта, распити, извештаи, вештачења.

Знаеш дека не си направила ништо лошо. И не можеш да поверуваш дека тоа ти се случува повторно. И тоа не е твоја вина. Никогаш не сум била гласна пред своето дете, а камоли нешто друго. Не постои причина поради која детето не би требало да живее во својот дом, во којшто е родено, заедно со мене, баба му и луѓето кои ги познава од раѓање.

Сега врховните судии ја донесоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое трпи тортура, а јас заедно со него. Не сакам сега да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам да барам какви било неправилности, а особено не оние што се спротивни на постоечката пракса.

Јас сум мајка. Тој е мојата капка вода на дланката, а јас ќе се борам до последната капка крв за неа. За мојата капка вода на дланката. Моето дете живее и оди во училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Срам ми е од оваа држава што вакви работи му се прават на детето, а јас да не смеам за тоа да зборувам за некого да не навредам.

Поедноставено, ова всушност значи дека повторно своето дете, што го родив, што го одгледувам, образувам, кое живееше со мене од раѓањето, сега ќе можам да го гледам само во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд во сабота и недела.

Ја поминав голготата на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата заради процедурални причини. Да ве е*ат процедуралните причини и корупцијата во оваа држава. Еднаш успеавте, овојпат нема да успеете!“, напиша хрватската музичка ѕвезда, објавувајќи фотографии од графит со неа и син ѝ Александар, нацртан во Белград.

Фото: Инстаграм/Северина

Слични објави

Сузана Манчиќ била на „подмладување на интимната зона“: Водителката откри детали за третманот

Еспресо

(Фото) Полна куќа: Катарина покажа што прави со децата на Дарко Лазиќ од претходните врски

Еспресо

„Ќe пеам уште неколку години“: Дара Бубамара го шокирала синот со својата одлука за кариерата

Еспресо

(Фото) Ова е сопругот на Ведрана Рудан: Многу е помлад од неа, успешен во бизнисот, сега ѝ е поддршка во борбата со болеста

Еспресо

Оваа пејачка завршила само основно училиште: Не прочитала ниту една книга, а денес е многу популарна

Еспресо

Поранешниот телохранител на Викторија и Дејвид Бекам пронајден мртов во Шпанија

Еспресо