Целото семејство слави: најстарата сестра Родиќ ја сподели радоста со сите, честитките се ројат една по друга, пригодата е прекрасна
Снаата на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Богдана, има голема причина за славење денеска. Имено, нејзината сестра Наташа има роденден.
Наташа Родиќ, најстарата од трите сестри Родиќ, денеска го слави 35-тиот роденден.
Нејзината сестра, Богдана Ражнатовиќ, се огласи на мрежите на овој значаен ден. Имено, Богдана објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм, со која кратко напиша: „Среќен роденден“.

Честитки почнаа да пристигнуваат на социјалните мрежи и од други, а се издвоила една од нејзината блиска пријателка.
„Ти посакувам среќен роденден, нека те најде твојата сродна душа и да ти пее на увце оваа песна, а Никос да пее на свадбата. Те сакам“, ѝ порачала нејзината другарка.

Наташа Родиќ се најде во центарот на вниманието по свадбата на нејзините сестри, Богдана и Бојана. Да потсетиме дека Богдана се омажи за Вељко Ражнатовиќ, а Бојана за Мирко Шијан.
Емотивниот живот на Наташа, сепак, е во голема мера обвиен во мистерија. Иако беше во врска со Матија Бојовиќ од Црна Гора, ја заврши таа романса и оттогаш ретко зборува за својот љубовен живот.

