6.8 C
Скопје
09:09 - 1 април, 2026

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Македонската пејачка Симона Поповска вчера (27 март) го прослави нејзиниот 32. роденден со најблиските.

Пејачката важи за една од најдобро стилизираните жени на нашата естрада, па така и овој пат се одлучи за прекрасен фустан, кој одлично се вклопи со тематската боја на прославата – розева.

Таква ѝ била и роденденската торта, а нејзините синови, двегодишниот Никола и едногодишниот Стефан, ѝ помогнаа да ги дувне свеќите.

Фото: Инстаграм/Симона Поповска

 

„Го прославувам мојот посебен ден со двата најголеми подароци кои животот ми ги подари. Додека дувам свеќички за уште една година, благодарна сум за овие моменти, повеќе од кога било. Да наздравиме за уште една година како нивна мајка и за сите авантури кои доаѓаат со тоа. Да наздравиме за тоа што сум една година постара, но се чувствувам помладо во срцето со секоја насмевка и прегратка од моите момчиња“, напиша таа во описот на фотографиите од роденденската прослава.

Фото: Инстаграм/Симона Поповска

Исто така, славеничката ја покажа и роденденската честитка од нејзиниот постар син.

„За најслатката мајка. Среќен роденден! Од Никола“, пишува на картичката.

Фото: Инстаграм/Симона Поповска

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....