12:22 - 2 април, 2026

(Фото) „Многу ја сакам Македонија!“: Јелена Карлеуша го најави концертот во Скопје!

Српската пејачка Јелена Карлеуша ќе има голем концерт пред македонската публика на 19 октомври, во арена „Јане Сандански“, па по тој повод денеска одржа прес-конференција во Скопје.

Музичката ѕвезда изјави дека е многу возбудена поради тоа што нејзината концертна турнеја „Алфа и Омега“ започнува токму во Скопје и навистина ѝ драго поради тоа бидејќи Македонија ја доживува како нејзин „среќен знак“.

„Многу ја сакам Македонија, а тоа со години наназад го покажував. Ова е народ кој ме сака, кој ја сака музиката и знае да цени. Многу сум возбудена затоа што ова нема да биде обичен концерт – од овој концерт зависи цела турнеја.

Мислам дека Балканот уште не видел ваква продукција и ваков тип на концерт. Јас не дојдов во Скопје да заработам, ниту да се обогатам, јас сум богата жена, а во Македонија, ниту кај нас не може никој да се обогати, туку само да се покаже.

Па така, доаѓам и јас на терен каде се цени музиката да покажам после 30 години кариера што знам“, изјави Карлеуша.

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....