7.8 C
Скопје
00:07 - 2 април, 2026

(Фото) Милан Калиниќ се снимал со ќерката: 17-годишната Теа е прекрасна девојка

Српскиот водител Милан Калиниќ во бракот со Сандра од која се разведе минатата година, доби две деца. Тој е многу приврзан за ќерката Теа и синот Вук, за што многупати јавно зборуваше. Неодамна истакна дека тој и Сандра „направиле одлична работа“ кога станува збор за воспитувањето на децата, додека Милан често излегува со седумнаесетгодишната Теа.

Пред неколку месеци Теа се снимаше со нејзиниот татко, за што исто така се зборуваше.

– Што ти требаше тоа, мало мое глувче мое, да тргнеш по таква бараба… – пееле двајцата додека се снимале.

– Мојот најдобар татко на светот – напишала Теа во објавата.

Инаку, Милан во една прилика зборувал за родителството.

– Дали сум строг родител? Па, како се гледа на тоа. Сериозно се занимавам со децата, а тоа вклучува и строгост кога е потребно и нежност и љубов. Сопругата е построга, дефинитивно. Некој секогаш мора да биде „лош полицаец“. Не ми се важни оценките, важно ми е децата да пораснат во чесни луѓе, коректни личности. Знаењето ќе дојде… – изјавил во таа прилика Милан, кој никогаш не бил во подобра форма во последните години.

– Мојата сопруга е навикната на моите тренинзи, со тоа живее веќе 20 години. За неа тоа е најнормална работа. Сандра ништо не ми забележува. Не… Мошне малку. А јас нејзе? Јас речиси ништо нејзе – истакнал, а потоа открил дали има тајна за успешен брак.

– Сè е индивидуално, јас не можам некому да му зборувам за тоа… Сето тоа се индивидуални работи – рекол Милан со длабока воздишка.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....