16:54 - 6 април, 2026

(Фото) Луксуз од половина милион евра: Ѕирнете во вилата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Пејачката Александра Пријовиќ (29) и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ (39) купија луксузна куќа во населбата Бежанијска коса, која според регионалните медими чини 500.000 евра.

Тие ја опремиле семејната куќа по сопствен вкус, од која голем дел бил подреден на уживањето на нивниот наследник Александар.


Нивниот дом е опкружен со ѕидови и метални порти и добро скриен од очите на јавноста. Иако на прв поглед изгледа студено, меѓу ѕидовите од нивниот дом владее вистинска семејна идила, пренесува „Блиц“.

Без многу детали и со вкус, Александра и Филип го украсиле својот дом според најновите трендови, јавува „Слободна Далмација“.


Во целиот простор доминираат големи прозорци, па затоа е исполнет со светлина. Светлиот мебел и ѕидови се избираат во согласност со декорацијата на станот, а нема премногу детали. Во куќата има и неколку гломазни огледала, а на Александра особено и се допаѓа она во спалната соба, пред која често се фотографира.

Двајцата се заколнаа на вечна љубов во јуни 2018 година, а во март следната година добија син кого го нарекоа Александар.


Филип во една прилика откри непознати детали од нивниот живот.

„Од првиот ден бевме еден тим и функциониравме како една душа и тело, се беше природно, по десет дена врска и реков дека ќе се оженам за неа. Ме купи, затоа што разбрав дека е жена која кога сака нешто, го прави тоа“, откри еднаш Живојиновиќ за „Курир“.

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....