13:26 - 8 април, 2026

ФОТО: Лени Кравиц дизајнира пијано од 500.000 американски долари!

Светски познатиот производител на пијано „Steinway&Sons“ го промовираше својот нов производ од лимитираната серија – гранд пијано „Kravitz Grand“, дизајнирано од легендарниот музичар Лени Кравиц.

Лени честопати во интервјуа има изјавено дека неговата прва љубов отсекогаш било пијаното. Кравиц е страствен пијанист и повеќето свои композиции и аранжмани ги има создадено на „Steinway“ пијано.

Резултатот од оваа соработка е фантастичен концептуален инструмент чија основа е „Steinway Model B“. Пејачот го трансофмирал во визуелно привлечно уметничко дело на кое работел цели три години.

Најинтересен детаљ, а исто така и најпредизвикувачки за изработка биле ногарките на инструментот инспирирани од склуптурите на Западна Африка.

Ова не е единствениот „limited edition“ производ од „Stainway“, но од сите модели само овој го опишале како вистинско уметничко дело.

Ќе се произведат само десет копии на инструменти, а еден од нив пејачот Кравиц веќе го има во својата куќа во Париз.

Пијаното ќе чини 500.000 американски долари, а процент од продажбата ќе се префрла на „Harlem School for the Arts“, уметничко училиште во Њујрок, во кое учел Кравиц.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....