02:35 - 11 април, 2026

(Фото) Кристина Димитри е горда на синот: „Му даде храна на дете кое немаше“

Поранешната мисица и пејачка Кристина Димитријевска, која настапува под името Кристина Димитри, сподели убава приказна од нејзиното секојдневие.

Таа раскажа дека нејзиниот шестгодишен син Давид, кој го доби од бракот со пејачот Даниел Кајмакоски, направил хумано дело, на кое е особено горда.

Имено, малечкото момче го понудило својот оброк на друго дете кое им побарало храна.

„Се мислев дали да го споделам ова… Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син.

Додека јадевме, дојде детенце кое бараше храна, а син ми без размислување му го даде неговиот оброк. И му кажа: ‘Еве, да го поделиме’.

И ме праша: ‘Мама, може и пари да му дадеме за да купи за дома?’

Ми кажав дека може.

Таа негова добра душичка и воспитување се мојот најголем успех“, напиша таа.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....