16:50 - 7 април, 2026

(Фото) Кој во што се дотера на свадбата на Бритни Спирс, меѓу познатите дизајнери и комплет од „Зара“

Ако сте принцеза на попот, никогаш не е доволен само еден невестински изглед. Така и Бритни смени три фустани на денот на свадбата. Сите различни, а сите дизајнирани од Донатела Версаче.

Откако кажа „Да“, Бритни ги соблече штиклите и ја облече омилената облека: мини фустанот. Првиот беше „мал црн фустан“, а крајот на вечерта беше резервиран за  црвен мини фустан со реси на ракавите.

Чувствувајќи се сосема во своја кожа, во црниот мини фустан, Бритни танцуваше боса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Освен невестата, и гостите се потрудија за својот моден изглед. 

Почнувајќи од Донатела Версаче, природно меѓу почесните гости, која носеше сопствена креација – фустан без ракави со макси дожина, златни детали и сандали на висока платформа. Потоа Парис Хилтон, која го прекрши кодексот носејќи темен фустан, исто така од Версаче, начичкан со светки.

Селена Гомез покажа дека и со малку пари може да се изгледа модерно, па така таа беше облечена во сини панталони и сако од „хај стрит“ модната марка Зара.

Дру Баримор се одлучи за фустан во чоколадна нијанса од Валентино. Додека Мадона, која отсекогаш била духовна кума на Бритни, одбра шарен фустан од Дрис Ван Нотен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....