13:43 - 2 април, 2026

(Фото) Ќерката на Жељко Јоксимовиќ доживеа нов успех: „Љубов таткова, многу сум горд!“

Ќерката на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ, Мина, ја сподели среќната вест дека завршила со уште едно поглавје од своето образование.

Таа тргна по стапките на својот познат татко и магистрираше на Филолошко-уметничкиот факултет во Белград, на отсекот за музичка уметност и студиската група за музика во медиумите.

„Ја одбранив мојата магистерска работа на тема ‘Филмската нузика на Зоран Симјановиќ во филмовите на Срѓан Карановиќ’. Изражувајќи го неговиот свет на звукот, отидов чекор напред во мојот“, напиша Мина во описот на фотографиите, со кои покажа дека го одбранила трудот со оценка десет.

Фото: Инстаграм/Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/Мина Јоксимовиќ

Таа доби бројни честитки од своите пријатели и следбеници на Инстаграм, а меѓу нив е и емотивната порака која ѝ ја напиша татко ѝ.

„Љубов таткова, ти честитам. Многу сум горд!“, искоментира Жељко Јоксимовиќ, додавајќи емотикон со кој ја потенцираше љубовта за својата ќерка.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....