14:05 - 12 ноември, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ ги спои бившиот сопруг и сегашниот дечко на посебен ден за славење!

Српската водителка Јована Јеремиќ веќе извесно време ужива во врската со 15 години постариот бизнисмен Драган Станковиќ, кој е сопственик на синџир пекарници.

Јована Јеремиќ е вљубена до уши во богатиот бизнисмен Драган Станковиќ.Двајцата нагласуваат дека се најголемите љубови еден на друг, а водителката сега објави фотографија на која позира со сегашниот партнер Драган и со поранешен сопруг Воислав Милошевиќ, со кој ја има ќерката Леа, а токму нејзиниот роденден била причина за прославата и собирањето.

„Мојот живот во една слика. Леа, среќен роденден. Ти благодарам што ме избра да бидам твоја мајка“, напишала Јована додека малата Леа блескала во бел фустан како принцеза, а татко ѝ Воислав ја држел за рака.

– Мојот прв сопруг се гордее со мене, и јас сум многу среќна поради тоа. Тој ми е прв сопруг и секогаш беше покрај мене, и кога немавме и кога имавме. Жал ми е што мојата покојна свекрва сега не може да ме види мене и Леа. Мојот брак беше совршен, но сакав повеќе и подобро што го прекинав навреме – рекла Јована во една прилика со солзи во очите во емисијата „Премиер викенд – специјал“.

 

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....