13:37 - 10 ноември, 2026

(Фото) Илон Маск вработи 14 годишно момче: Каиран Квази е најмладиот софтверски инженер во „Спејс-Икс“

Компанијата на Илон Маск, „Спејс-Икс“ вработи 14-годишно момче како софтверски инженер. Тој ќе работи со тим којшто развива софтвер за „Старлинк“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kairan Quazi (@thepythonkairan)


Каиран Квази (14) сега ќе треба да се пресели во сојузната држава Вашингтон, со неговата мајка, за да почне да работи во компанијата. Како што објави „Бизнис инсајдер“ , тој неодамна дипломирал на Универзитетот на Санта Клара во Калифорнија (САД), станувајќи најмладата личност која некогаш го направила тоа. Според наводите, се работи за извонредно интелигентна личност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kairan Quazi (@thepythonkairan)


Кога Квази имал девет години, т.е. во трето одделение, наводно неговите родители сфатиле дека училишните задачи му се премногу лесни, па му помогнале на нивниот син да се запише на колеџ. Така, детето го поминало тестот за интелигенција подобро од 99,9 отсто од светското население.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kairan Quazi (@thepythonkairan)


Тој веќе го имал своето работно искуство – во 2022 година стажирал во компанијата „Блекбирд.АИ“ од областа на кибер-безбедноста.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....