22:14 - 11 ноември, 2026

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Хрватската пејачка Жанамари Перчиќ го привлече вниманието на своите следбеници со нова серија фотографии што ги сподели на својот инстаграм-профил.

Овојпат Жанамари позираше на плажа во бикини со животински принт, а на една од фотографиите лежи во плиткото море. Летните фотографии за кратко време предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Објавата ја сподели во соработка со фотографот Марко Мајлс, а за само неколку часа собра повеќе од 2.000 допаѓања и голем број коментари од нејзините следбеници.

Пејачката и претходно летово го привлекуваше вниманието со своите објави. Во јули споделуваше фотографии и видеа од Сплит, каде што уживаше во електронска музика и настаните што се одржуваа во периодот на фестивалот „Ултра Јуроп“.

Фото: Инстаграм

Жанамари е позната и по посветеноста на вежбањето, а на социјалните мрежи често споделува делови од својата фитнес-рутина. Редовните тренинзи и здравиот начин на живот ги наведува како важен дел од своето секојдневие.

Покрај активноста на социјалните мрежи, Жанамари продолжува и со музичката кариера. Минатата година ја објави песната „Lagala“, создадена во соработка со Иван Дражиќ Гидра и Марко Ласиќ Неред, со која го најави своето враќање кон ар-ен-би и поп-звукот, како и работата на нов студиски албум.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....