02:07 - 11 ноември, 2026

(Фото) Елена „Живот со стил“ ужива со саканиот во Црна Гора: Водителката го покажа згодното тело во стилски костим за капење

Македонската водителка Елена Најдоски, позната по телевизиската емисија „Живот со стил“, ова лето ужива покрај Јадранското Море заедно со сопругот Бојан Најдоски.

Во моментов, тие се во Котор, но патуваат по црногорското приморје и го посетија монденското летувалиште Порто Монтенегро во близина на Тиват.

Најдоски е една од најдобро стилизираните жени на малите екрани, која е прилично влијателна и на социјалните мрежи во однос на поставување модни трендови. Таа речиси секогаш е добро облечена и неретко прави одлични модни избори.

Па, така и летово, водителката се појави со впечатливи модни комбинации во Црна Гора – како на плажа, така и за вечерните излегувања со нејзиниот сакан.

„Поздрав од рајот“, напиша таа во описот на фотографиите, објавени на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....