12:24 - 10 ноември, 2026

(Фото) Елена Најдоски на хедонистички одмор во Грција: Вљубени погледи со сопругот и летни авантури на глисер

Елена Најдоски го живее летото од соништата. Некогашната водителка и денес инфлуенсерка најголемиот дел од сезоната го помина на хедонистички одмор во Грција, уживајќи во морето, сонцето и романтичните моменти со својот сопруг Бојан.

„Драго лето, ти си ми омилено,“ напиша Елена на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии што веднаш го привлечоа вниманието на нејзините следбеници.

На една од нив таа и Бојан позираат разменувајќи вљубени погледи, а на други Елена се сонча на глисер, се забавува со пријатели и ужива во најубавите плажи.

Секој кадар е надополнет со нејзиниот препознатлив моден стил – шешири и марами, впечатлив накит, чанти кои се издвојуваат и комбинации што совршено ѝ прилегаат.

Кога не патува, Елена е активна во Скопје каде што работи на соработки со различни брендови, но ова лето го посвети на релаксација, љубов и добри моменти покрај морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Najdoski (@elena_zivotsostil)

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....