11.8 C
Скопје
19:41 - 3 април, 2026

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ и нејзиниот партнер Јосип Плавиќ се во среќна врска три години, а најголема желба им е да се преселат во заеднички дом што почнале да го градат во местото во Загрепската жупанија. Но, во својата куќа во цвеќе, како што од милина ја нарекуваат, сè уште не успеале да се вселат.

– Не сме се преселиле. Имавме прекрасни планови, а потоа се соочивме со реалноста. И тогап во еден момент му реков, во ред, постои некоја добра причина зошто не е така, и почнав, дури и се натерав себеси, да уживам во процесот – открила Данијела за хрватски „Стори“ на крајот од минатата година.

– Бидејќи јас сум доста структурирана. Сакам редот, ми се допаѓа ако се каже така, тогаш е така. Не може ако е денес да биде за еден месец. Но, верувам, еве, како што се одвиваат работите сега, дека навистина до пролет, но се оградувам, би требало да бидат во куќата – рекла пејачката.

 

Данијела објавила на социјалните мрежи неколку фотографии од својата куќа во цвеќињата, која се наоѓа во еден мал град во Загрепската жупанија. Недвижноста изобилува со дневна светлина поради големиот број прозорци кои се истакнуваат по својата големина и должина низ ентериерот.

– Ја впиват убавината на моментот и се чувствувам исполнето. Што ве инспирира денеска? – напишала пејачката додека околу неа можеме да го видиме прекрасниот екстериер и зеленило.

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....