8.8 C
Скопје
23:02 - 10 април, 2026

ФОТО: Бившиот сопруг на Моника Белучи откако е со младата Тина ги следи актуелните трендови

Profimedia

Францускиот актер Винсент Касел (53) и неговата помлада сопруга Тина Кунаки (23) се фотографирани на плажа во Бразил, а по тој повод измамија насмевка на многу минувачи и посетители на плажата во тој момент.

Profimedia
Profimedia

Имено, славниот актер и поранешен сопруг на најубавата жена на светот, Моника Белучи, беше фотографиран со својата 30 години помлада сопруга додека таа седеше во неговиот скут, а тој го фотографираше нејзиниот задник за да го објави на социјалните мрежи.

Ова ги насмеа многуте обожаватели кои ги видоа овие фотографии и започнаа приказни дека славниот актер „станал папучар“ откако е во брак со Тина, како и дека се подмладил, па ги следи актуелните трендови.

Profimedia
Profimedia

По тој повод, Тина носеше бел едноделен костим за капење и ги истакна своите долги тенки нозе, додека Винсент уживаше на плажа во жолти удобни шорцеви без маица.

Нивната ќерка Амазон (1) беше со нив на плажата и се забавуваше со нејзините родители и игрите со песок.

Profimedia
Profimedia

Да потсетиме, Винсент и Тина објавија дека очекуваат дете само неколку месеци по венчавката во Бидарт во југозападна Франција во август 2018 година, а сега живеат во Бразил каде го минаа и карантин за време на пандемијата на коронавирусот.

Пред Тина, Винсент беше во брак со најубавата жена на светот, Моника Белучи, од 1999 до 2013 година и со која има две ќерки Дева и Леони.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....