11:46 - 3 април, 2026

(Фото) Анастасија и Немања Гудељ во родниот дом на фудбалерот: Љубовна прошетка низ природната убавина на Требиње

По повод годишнината од нивната љубовна врска, пејачката Анастасија Ражнатовиќ и српскиот фудбалер Немања Гудељ отпатуваа во неговото родно место – живописното Требиње. Иако живеат во Севиља, Шпанија, семејството Гудељ останува длабоко поврзано со своите корени, каде редовно се враќаат во семејната куќа.

Станува збор за модерна двоспратна куќа со уредена тераса и дворно катче, идеално за мир и одмор од динамичниот живот. Од таму, Гудељ се огласи преку социјалните мрежи, споделувајќи моменти од посетата и убавините на местото каде што пораснал.

Во изјава за медиумите од 2023 година, стрината на фудбалерот зборуваше со воодушевување за неговата сопруга.

„Немања е син на мојот девер. Прекрасно дете. Пред неколку недели беше овде со Анастасија. Таа е преубава, мирна и културна девојка. Иако можеа да престојуваат во хотел, тие избраа да бидат со нас. Таа е толку едноставна и беше искрено воодушевена од ова место,“ откри тогаш член на семејството Гудељ.

Фото: Инстаграм

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....