36.8 C
Скопје
13:40 - 21 август, 2026

(Фото) Александра Рутовиќ е новата мисица на Србија: Јелена Карлеуша ѝ ја предаде лентата!

Плоштадот на Републиката, кој е централниот градски плоштад во Белград, синоќа се претвори во центар на модата и гламурот, убавата Александра Рутовиќ победи на изборот за Мис на Србија.

Новата мисица има 25 години и завршила гимназија во Америка. Потоа магистрирала меѓународен туризам и хотелски менаџмент во Виена. Во моментов, Рутовиќ работи како агент за недвижности.

„Се надевав, не можам да кажам дека очекував. Имаше силна конкуренција, секоја девојка се издвојуваше во некоја дисциплина. Сè уште сум во шок, многу сум среќна и возбудена. Едвај чекам да видам што ме чека“, изјави таа за „Телеграф“.

Фото: Инстаграм/Мис свет

Мисицата додала дека сака да им биде пример на девојчињата и дека со својата работа сака да им покаже како соништата можат да се остварат.

„Мојата најголема поддршка се татко ми и неговата сопруга, сестра, браќа… Имам големо семејство, сите беа покрај мене“, заклучи новата мисица на Србија.

Фото: Инстаграм/Мис свет

Српската пејачка Јелена Карлеуша, како претседателка на жири-комисијата, ја прогласи новата мисица и ѝ ја предаде лентата. Таа го нарече овој моден настан – „белградска Мет гала“.

„Морам да кажам дека сум воодушевена од девојките. Таков професионализам, убавина, грациозност, енергија што извира од секоја од нив.

Девојки, мислам дека сите сте победници вечерва. Вечерва нема губитници затоа што ниту една убава жена, ако ништо друго, не може да биде губитник во животот затоа што е убава“, изјави Карлеуша.

Слични објави

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Еспресо

„Баш ми е жал што Душко раскина со девојката!“: Тошиќ дошол на настапот на Карлеуша, таа блеска од среќа

Еспресо

Ирина и Павле Камилоски ја крстија ќеркичката во Галичник – го носи името на свекрвата на Ирина

Еспресо

Милош Биковиќ ги воодушеви следбениците откако со синот Василие го запеа хитот од Драгана Мирковиќ

E.A.

Дневен хороскоп за 21 август: Очекувајте одлични вести

apostolova
Се вчитува....