15.8 C
Скопје
20:19 - 1 октомври, 2026

(Фото) Ѝ пееше Наташа Беквалац, а таа блескаше во сино — Елена Ѓорговска го прослави роденденот во Белград

Македонскиот модел Елена Ѓорговска го прослави својот роденден во Белград, во друштво на блиските пријатели.

За роденденската вечер таа избра познат белградски ресторан, каде што за добрата атмосфера се погрижи српската пејачка Наташа Беквалац.

Фото: Инстаграм/Елена Ѓорговска

На фотографиите и снимките од прославата, Ѓорговска е одлично расположена, пее и танцува со пријателите додека Беквалац настапува.

Посебно внимание привлече и нејзиниот роденденски стајлинг. Елена носеше краток светлосин фустан со корсет-крој, украсен со светкави детали, монистра и апликации.

Фото: Инстаграм/Елена Ѓорговска

Изгледот го надополни со специјално изработена чантичка со своето име, подигната фризура и дискретен накит.

Инаку, ова е уште еден убав повод за славење за Ѓорговска. Пред околу еден месец таа дипломираше медицина, а успехот го прослави со голема забава во „Шато Камник“.

Фото: Инстаграм/Елена Ѓорговска

Слични објави

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

Еспресо

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо

Милица Тодоровиќ со својот син го напушти станот во луксузна населба – новите соседи открија сè за нејзиниот партнер

Еспресо
Се вчитува....