17.8 C
Скопје
15:32 - 16 март, 2026

Филмови од кои ќе се исплачете (ВИДЕО)

Во време на пандемијата од коронавирусот седењето дома е правило, а гледањето филмови го исполнува времето за негово побрзо минување.

Плачењето на филмови е честа реакција, доколку се квалитетно изработени и одбрани за своја душа.

Иако се чини како слабост, тоа е сосема нормална реакција. Откако ќе се исплачат поголемиот дел луѓе се чувствуваат подобро, наместо да ги задржуваат во себе солзите.

Понекогаш воопшто не е лошо да се исплачеме, иако немаме доволно причини за тоа. Можеби сме среќни во животот и немаме мотив за пролевање солза, но затоа секогаш има квалитетни филмови кои будат емоции.

Предагаме неколку такви:

Notebook (2004)

Приказната за забранетата љубов помеѓу луѓето од различни социјални класи, се смета за еден од најдобрите љубовни филмови во последните две децении. Фактот што улогите ги толкуваат Рајан Гослинг и Рејчел Мек Адамс придонесува за гледаност.

 

Bambi (1942)

За познатиот цртан филм на Дизни многу генерации изјавиле, дека сцената со смртта на мајката на Бамби ги запознава со завршувањето на животот сите живи суштества.

 

The fault in our stars (2014)

Романтична драма за тинејџери кои страдаат од карцином, во која главните улоги ги толкуваат Шејлин Вудли и Ансел Елгорт.

 

My girl  (1991)

Меколи Калкин и Ана Чламски се sвездите на овој трогателен филм, за пријателството меѓу две единаесетгодишни деца.

 

Hotel Rwanda (2004)

Хотелот Руанда е драма за конфликтот што се случува во Руанда во 1994 година, помеѓу народите од Хуту и ​​Тутсис. Дон Чидл толкува улога на хотелиер, кој се обидува да спаси што повеќе луѓе од неговата околина од насилството.

 

Слични објави

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Младата ѕвезда од „Шербет од брусница“ е меѓу најпребаруваните актерки во 2026: „Да, мислам дека успеав“

Еспресо

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо
Се вчитува....