16:30 - 12 април, 2026

Фановите на Јала Брат и Буба Корели ќе се запознаат со нив по концертите во петок и сабота во Скопје

Јала брат и Буба Корели на 28 и 29 ноември во Арената „Јане Сандански“ ја започнуваат европската турнеја GOAT Tour, а токму македонските фанови ја имаат честа први да го искусат специјалното изненадување што дуото го воведува токму на овие концерти – да ги ЗАПОЗНААТ ѕвездите зад сцената, по концертот. Само за одбрани!

Станува збор за ексклузивен концепт осмислен специјално за оваа турнеја, кој досега не бил реализиран на нашата регионална музичка сцена.

Членови од нивниот тим ќе ја обиколуваат салата пред почетокот на секој настап, во потрага по фанови кои се издвојуваат по енергија, жар и посветеност. Одбраните по концертот ќе бидат спроведени во backstage, каде што ги очекува директна средба со Јала и Буба и специјално подготвени подароци — момент наменет за оние што со години најсилно ја носат нивната музика.

– Поздрав екипо. Имаме посебно изненадување за вас на сите концерти од GOAT турнејата! Бидејќи првпат приредуваме ваков голем спектакл, решивме да ве запознаеме face to face. Значи, пред почетокот на секој концерт членови од нашиот тим ќе ја обиколуваат салата во потрага по најлудите, најсилните и најжестоките фанови.

Тие лично ќе ги одберат и ќе ги спроведат во backstage по секој концерт за да се запознаат со нас, а подготвивме и некои подароци. Така што, се гледаме во Скопје на 28 и 29 ноември, а се гледаме и во backstage. Се радуваме! — порачуваат Јала и Буба Jпреку Инстаграм.

Турнејата под назив GOAT TOUR, која ја претставува платформата Music Week, а продукциски и организациски ја потпишува SKYMUSIC, ќе опфати повеќе од десет европски градови. По Скопје, следуваат концерти во Штутгарт на 13 декември, Цирих на 21 март, а потврдено е и шоу и во Загреб на 9 мај.

Фото / LIVE PRODUCTION

Слични објави

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....