2.8 C
Скопје
19:35 - 23 декември, 2024

Еве како се прави тоа, Меган: Маркл треба да учи животно школо од Софи Винклеман, првата актерка која се омажи за Виндзор и сè уште снима филмови

Вереницата на Ештон Качер во серијата Два и пол мажи е, во животот, сопруга на лордот Фредерик Виндзор, син на принцот од Кент. Се приклучи на семејството многу пред Меган Маркл, таа успеа да ги отстрани првичната резервираност кон неа и во исто време продолжи да работи, секогаш почитувајќи ја новата титула и никогаш не ѝ задаваше главоболки на кралицата.

Пред Меган Маркл да се приклучи на Бакингемската палата, друга актерка стапна во британското кралско семејство, но без да ги предизвика истите превирања: Софи Винклеман, сега Лејди Фредерик Виндзор. За време на прославите на јубилејот, објективите беа насочени кон неа само поради изгледот (таа носеше ист фустан, иако со различна боја, како Беатрис од Јорк), но јавноста го врати сеќавањето на оваа жена, која, иако сега е полноправна ќленка на Виндзор, ја продолжи својата работа на сетовите, без да предизвика скандали или каква било главоболка на своето семејство и на кралицата.

Љубителите на фантастиката ја паметат по филмската улогата на Сузан Певенси во „Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и гардеробата“ (2005 година). Обожавателите на Џејн Остин пак, ќе се сетат на нејзината улога како Лејди Сузан во серијата Sanditon, но повеќето ја паметат по тоа што беше девојка на Ештон Качер во „Два и пол мажи“.

Родена во 1980 година, чистокрвна лондончанка, Софи првично беше примена во новото семејство со резерва. Идните сватови, принцот и принцезата од Кент, гледаа со сомнеж на нејзината  професија и нејзината популарност: нивниот син Фредерик  се сметаше за млад човек „непромислен и премногу зависен од забавите во лондонските клубови“ (од каде тој често беше пренесуван во таблоидите), па сите се прашуваа дали уште ова му фалеше – подеднакво „истакната“ сопруга – и која искрено изјави за весниците: „Мислам дека не би можела да имам деца, не знам ни да управувам со мојата Ојстер картичка“ . А двајцата едноставно се заљубија, па на Денот на вљубените во 2009 година тие официјално се верија и во септември истата година се венчаа во кралската капела на палатата Хемптон Корт.


Во месеците помеѓу двата настани, таблоидите „беснееа“ , шпекулирајќи со разни сценарија кои вклучуваа и голотија (Софи беше принудена официјално да негира) и несогласувања меѓу сопружниците околу зголемените трошоци за бракот. Но, на крајот, она што навистина беше важно беше овластувањето на кралицата Елизабета (Фредерик е 53-ти во редот на наследувањето на тронот, затоа кралското одобрување е задолжително), а овластувањето пристигна навреме и без пречки, со најдобри желби за среќа.

По венчавката, Лејди Виндзор излета од радарот на таблоидите, но Софи Винклеман остана. Во Лос Анџелес, главно, каде што парот се пресели во 2011 година за да ѝ дозволи да ја снима серијата со Качер. Овде Софи првично имала намера да го користи новото презиме, кое го сметала за „поелегантно“, но на крајот избрала да го задржи своето, лишено од секоја благородна титула, бидејќи, објаснила, „во Америка ме знаат по мојата работа, не по моето семејство“.

Семејство пак, во меѓувреме ги остави настрана сите сомнежи за неа и сите ја пречекаа милата Лејди Виндозр како своја. И таа им возврати, збогатувајќи  ја лозата со две ќерки – Мод Елизабет, родена во 2013 година во Лос Анџелес (и врсничка на Џорџ од Кембриџ) и Изабела Александра, родена во 2016 година во Лондон. Лејди Виндозр продолжи да снима филмови, но секогаш почитувајќи ја нејзината титула.

„Првиот пат кога отидов во Бакингемската палата за да се сретнам со кралицата на божиќна вечера, таа беше неверојатно љубезна и срдечна“, рече актерката еднаш во едно интервју. „Со текот на годините добив само љубов и позитивни работи од сите нив“.

Еве како се прави тоа, Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pazuki Ltd (@pazuki_london)

Слични објави

(Фото) Најслаткото нешто што ќе го видите денeска: Дарко Лазиќ и малата Срна во новогодишни пижами

А.Ј.

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо

Милош Биковиќ ги поддржа студентските протести во Белград: Актерот се огласи на социјалните мрежи!

Еспресо

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо
Се вчитува....