08:46 - 3 април, 2026

ЕЛТОН ЏОН СО НОВ АЛБУМ: Снимил песни со Дуа Липа, Мајли Сајрус и многу други

елтон џон

Британската поп sвезда Елтон Џон објави дека следниот месец ќе објави нов албум насловен „The Lockdown Session“, создаден во соработка со голем број уметници за време на карантин.

Албумот со 16 песни излегува на 22 октомври и носи колаборации со звучни имиња како Дуа Липа, Мајли Сајрус, Ники Минаж и Стиви Вондер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

„Последното нешто на кое се надевав за време на карантинот беше новиот албум. Но, како што напредуваше пандемијата, (песните) само се појавија”, објасни сер Елтон.

„Некои од снимањата беа направени на далечина, преку зум, што никогаш порано не сум го правел“, раскажува Елтон Џон.

Најавува нешто сосема различно

Други снимки се одвивале според строгите правила за безбедност и изведувачите биле одделени со стакло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

„Но, сите песни на кои работев беа интересни и разновидни, сосема различни од сè по што сум познат и ме извадија од комфорт зоната кон сосема нова територија“, опиша тој.

Елтон Џон започнува со проштална турнеја низ Европа и Северна Америка во 2022 година.

74-годишниот пејач ја започна својата проштална турнеја „Farewell Yellow Brick Road 2018“ и предвиде 300 концерти за три години низ целиот свет, но неговите планови беа спречени од пандемијата на коронавирус.

Извор: „Daily Mail“

Слични објави

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.
Се вчитува....