8.8 C
Скопје
03:17 - 5 февруари, 2026

Елен Пејџ соопшти дека е трансродово лице и има ново име: Елиот Пејџ

Instagram

Актерката Елен Пејџ по шест години откако соопшто дека е геј, сега соопшти дека е трансородово лице со ново име Елиот.

33-годишниот актер, кој е во брак со танчерката Ема Портер (26) од 2018 година, во вторникот наутро на својот профил на „Twitter“ отворено сподели емотивна изјава.

Здраво пријатели, сакам да споделам со вас дека сум транс, заменките ми се тој/тие и јас се викам Елиот… Се чувствувам среќно што го напишав ова и што сум на ова место во мојот живот“, напиша актерот.

Instagram

Елиот, кој доби Оскар за улогата во хит филмот „Juno“ од 2008 година, побара од своите следбеници и обожаватели да бидат трпеливи, признавајќи дека е „исплашен“ од „инвазивноста, омразата, шегите и насилството“, но дека тој ќе мора да се соочи со сè и да продолжи напред.

Instagram
Објавата на Елиот / Instagram

Мојата работа е вистинскa, но исто така е и кревка… Вистина е дека, и покрај тоа што се чувствувам многу среќен во моментов и знам колку привилегија носам, јас исто така се плашам“, напиша тој.

Во својата изјава, Елиот не откри во која фаза од транзицијата се наоѓа, ниту сподели дали имал или планира хормонска терапија или операција за биолошка промена на полот.

Instagram
Instagram

Процесот на транзиција од женско во машко е различна за секоја личност, многумина го започнуваат процесот на хормонска терапија, пред да одлучат дали да направат операција за отстранување на градите, операција за конструирање на пенис и хистеректомија за отстранување на женските репродуктивни органи.

Instagram
Instagram

„Јас сум многу горда на Елиот. Транс, квир и небинарните луѓе се подарок за овој свет… Исто така, барам трпеливост и приватност и дами се придружите во ревносната поддршка на транс животите секој ден. Постоењето на Елиот е дар сам по себе. Блескај мил Е. Те љубам“, напиша Eма.

Одлуката на Елиот јавно да открие дека е трансродово лице доаѓа скоро три години откако парот се венча со тајна церемонија по само шест месеци поминати заедно.

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....