20:02 - 1 јануари, 2026

Елен Деџенерис обвинета дека пред да стане позната малтретирала 11-годишно дете, го навредувала и го понижувала

По скандалозните обвинувања за токсичната атмосфера на работното место и злоупотребата на работниците, на познатата презентерка Елен Деџенерис ѝ се припишува уште едно обвинување – навредувала и малтретирала единаесетгодишно момче.

Според британскиот „Мирор“, еден од соговорниците на овој медиум раскажал како Елен пред да стане позната, „уживала да се однесува злобно кон неговиот син Бен“. Тоа го потврдил и самиот Бен, кој денес има педесет и две години. Тој се потсетил како Елен, која тогаш работела за неговата мајка во агенција за вработување, сурово се шегувала на сметка на неговата прекумерна тежина.

„Елен постојано ја критикуваше мојата облека и мојата тежина. Таа се шегуваше, но тоа беше злобно. Таа ми велеше дека сум ужасен и дебел. Ми велеше и дека сум глупав. Јас бев само дете, а таа возрасна жена, која уживаше во тоа да ме гледа вознемирен“, рече тој.
Бен за Мирор рекол дека за такво нешто „не постои извинување“, како и дека Елен, „едноставно е злобна личност“.

Елен во моментов се соочува со сериозни обвинувања за вознемирување при работа, поради што е покрената официјална истрага против неа, продуцентите и нејзиното шоу. Во своето обраќање пред вработените, Елен им порачала на сите вработени дека никој не треба да го крене својот глас и дека кон сите треба да се однесуваат со почит.

„Како некој кого го осудувале и кој скоро изгубил сè што има само поради тоа што бил она што е, јас искрено разбирам и длабоко сочувствувам со оние на кои поинаку се гледало, кои биле третирани неправедно или уште полошо, кои биле отфрлени. Помислата дека некој од вас се чувствува така е навистина страшна за мене“, напиша Елен.

Слични објави

„Мислете на богатство во 2026 година. Без пари не се може“: Лепа Брена откри кои се нејзините желби

Еспресо

(Видео) Цеца блеснала во црвено за дочекот на Новата година, бујното деколте во преден план

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ носеше ист фустан како Жизел Бундшен на Нова година: Модел кој не простува несовршености, а двете штотуку се породија!

Еспресо

Весна и Ѓоле Ѓогани измамени за Нова година: Организаторот избегал со парите, ништо не им платил!

Еспресо
Се вчитува....