7.8 C
Скопје
10:21 - 1 април, 2026

Драган Којиќ Кеба официјално нов член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Фолк пејачот Драган Којиќ Кеба и официјално стана дел од стручното жири во најпопуларното музичко натпреварување на Балканот – „Ѕвездите на Гранд“. Тој денеска го потпиша договорот со продукцијата, со што ја потврди долгогодишната соработка која често ја имаше и во форма на гостувања и замени во минатите сезони.

Од „Гранд“ се огласија со официјално соопштение: „Со особено задоволство ја известуваме јавноста дека од оваа сезона, во величествениот жири на музичкото натпреварување ‘Ѕвездите на Гранд’, како постојан член се враќа докажаниот уметник и миленик на публиката – Драган Којиќ Кеба“.

Продукцијата нагласува дека Кеба како „ново-стар“ член на жирито ќе донесе препознатлива харизма, искуство на сцената и непогрешлив слух за талентот, што ќе придонесе за уште поквалитетно и подинамично натпреварување. Од таму додаваат дека неговото присуство ќе биде дополнителна поддршка за младите таленти, кои со неговите совети полесно ќе го трасираат патот кон музичка кариера.

„Добредојде дома, Кебо!“, стои во соопштението на продукцијата.

Да потсетиме, уште на почетокот на јули медиумите најавија дека токму Кеба ќе ја замени Марија Шерифовиќ во жирито. Таквиот исход беше очекуван, бидејќи пејачот и во претходните сезони често настапуваше како замена за членови на жири-комисијата кога тие беа спречени да дојдат на снимање. Публиката позитивно го оцени неговото присуство во таа улога, а исто мислење делеле и од продукцијата, што резултираше со постојан ангажман.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....