18.8 C
Скопје
09:09 - 26 септември, 2023

Дневен хороскоп за 20 март 2019 (среда)

ОВЕН

ЉУБОВ: Ќе се релаксирате во попладневните часови, а тоа ќе ви донесе и помирен однос со личност од спротивниот пол.

РАБОТА: Сè што ќе работите, ќе морате да го образложите и ќе успеете во тоа.

ЗДРАВЈЕ: Добро расположение.

БИК

ЉУБОВ: Овој ден ќе ви донесе прилики за запознавање на нова личност, со која брзо ќе посакате да поминувате повеќе време.

РАБОТА: Вашите замисли добро поминуваат кај претпоставените.

ЗДРАВЈЕ: Поработете на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Ќе посакате повеќе слобода, но ќе сфатите дека ви недостига личноста за која подолго време сте заинтересирани.

РАБОТА: Конечно ќе завршите обврска која подолго време ви виси над глава.

ЗДРАВЈЕ: Бидете поодговорни кон своето здравје.

РАК

ЉУБОВ: Фантазирате за искрена љубовна приказна, но не сакате ниту да се смирите.

РАБОТА: Можете и подобро од ова, но почекајте вистински момент.

ЗДРАВЈЕ: Добро сте расположени.

ЛАВ

ЉУБОВ: Вашата елоквенција, шарм и самодоверба ќе ви донесат многу љубовни поени кај личноста која е заинтересирана за вас.

РАБОТА: Бидете побрзи и попрецизни во носењето нови одлуки.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на дишните патишта.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Ќе играте на картата на љубезност и умилкување, но нема да постигнете голем успех, бидејќи љубовта доаѓа од срцето.

РАБОТА: Добро ја знаете работата, но треба да соработувате.

ЗДРАВЈЕ: Наспијте се добро.

ВАГА

ЉУБОВ: Не се двоумите во врска со своите чувства. Јасни сте и директни.

РАБОТА: Како и секогаш, работата ви оди од рака.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на кожата.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Денеска сакате што повеќе време да поминувате сами и тоа треба јасно да го кажете на партнерот.

РАБОТА: Попаметно ви е да не оставате работа за утре.

ЗДРАВЈЕ: Посветете се на спиритуалниот дел од себе.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Добро ќе се забавувате и сакате да доминирате во друштвото. Тоа ќе му оди на нерви на партнерот.

РАБОТА: Потрудете се повеќе, за да може да испливате од хаосот.

ЗДРАВЈЕ: Разбистрете го умот.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Ќе бидете посентиментални од вообичаено, а на саканата личност тоа ќе ѝ се допаѓа.

РАБОТА: Работата ви оди лесно како танц.

ЗДРАВЈЕ: Се чувствувате добро и физички и ментално.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Имате свој став, но не заборавајте дека не сте сами во врската. Соочете се со саканата личност.

РАБОТА: Бидете поотворени за соработка.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте го дигестивниот систем.

РИБИ

ЉУБОВ: Ви претстои пријатно дружење, но се чувствувате празно однатре.

РАБОТА: Нема да наидете на разбирање за вашите идеи, па чувајте ги за подобро време.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на зглобовите.

Слични објави

Неделен финансиски хороскоп: Нови можности за Биковите, убава понуда за Стрелците, парични промени за Водолиите…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја нападна колешката Пријовиќ и „Ѕвездите на Гранд“: „Тие се треш, а јас одам напред!“

Еспресо

Астро прогноза за вторник, 26 септември

Еспресо

(Видео) Српската пејачка Душица Грабовиќ се лизна додека снимаше спот, за малку ќе завршеше во болница

еспресо

Ветеринарите водат битка да ја спасат повредената и изгладнета лавица пронајдена близу Суботица

еспресо

(Видео) Ѕвездата на Гранд Славица Ангелова ја испеа својата прва песна „Руже и крв“

еспресо
Се вчитува....