00:01 - 9 април, 2026

Џорџ Клуни завршил во болница поради физички транформации за неговата последна улога

Instagram

Четири дена пред да започне да работи на неговиот нов филм, актерот Џорџ Клуни бил итно пренесен во болница со тешки болки во стомакот. На Клуни му бил дијагностициран панкреатит, што може да биде опасен по живот, па затоа морал да остане неколку денови во болница.

59-годишниот добитник на Оскар, изгубил над 10 килограми за улогата на преживеан астронаут од глобална катастрофа во филмот „The Midnight Sky“ и верува дека неговата исхрана ја предизвикала болеста.

Instagram
Instagram

Мислам дека се обидував да слабеам брзо и веројатно не се грижев добро за себе“, рече Клуни.

Тој требало да лета на Арктикот за потребите на филмот, а покрај глумата тој е и во улога на режисер. Во филмот покрај него играат и британските актери Фелисити Џоунс и Дејвид Ојелово.

Instagram
Instagram

Иако итно бил пренесен во болница четири дена пред да започне снимањето на дистопискиот филм, сепак актерот по неколку дена бил подобро.

Слабеењето не било единствената физичка промена што актерот требало да ја претрпе за улогата.

Морав да пораснам голема грда брада а мојот син го обожаваше тоа, бидејќи можеше да скрие работи во неа за кои и не бев свесен се додека не почнав да работам и одеднаш ќе најдев заглавено лижавче во мојата брада“, откри Џорџ.

Но, мојата сопруга и ќерка ми беа навистина среќни кога заврши тој процес, бидејќи беше многу тешко да се најде лицето под целиот тој неред“, вели Клуни.

Џорџ е во брак со сопругата Амал од 2014 година, тие имаат близнаците Ела и Александар кои имаат три години.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....