5.8 C
Скопје
04:51 - 1 април, 2026

Џони Деп: „Ова беше тешка година, но се надевам на подобро“

Џони Деп се надева на посветла година пред себе, со оглед на тоа што 2020 година беше бурна за него. Актерот се огласи на својот инстаграм – профил во неделата, објавувајќи фотографија на која седи со неговиот пријател, фронтменот на „The Pogues“, Шејн Мек Гован.

„Оваа година беше многу тешка за многумина. Се надевам дека ќе имаме подобра иднина пред нас. Среќни празници, на сите! Мојата љубов и почит кон сите вас“, пишува на неговата објава.

Покрај глобалната пандемија на коронавирусот, Деп изгуби и судски процес во кој беше вклучена неговата поранешна сопруга Амбер Херд, но ги негираше сите обвинувања за злоупотреба.

Instagram

Двајцата се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“ од 2011 година, а се венчаа во 2015 година. Тие го финализираа разводот во 2017 година.

„Сакам да ве известам дека Warner Bros ме замоли да си дадам оставка од улогата на Гринделвалд во „Fantastic Beasts“и јас се согласив на тоа барање“, напиша Деп во претходната изјава објавена на неговиот инстаграм – профил.

Инаку, Netfliх USA и Netfliх Australia одлучија да ги избришат од својот каталог сите филмови во кои Деп игра некоја улога.

Причината за ваквата одлука наводно е судењето што се одржа оваа година помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд и таблоидот „The Sun“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....