Осум месеци по веридбата со Кук Маруни (33), овој викенд оскаровката Џенифер Лоренс (29) конечно ќе му го каже судбоносното „да“ на трговецот со уметнички дела, пишува ТМЗ. Парот неодамна е виден во Њујорк како завршува формалности околу венчавката, па на сите им стана јасно дека денот се ближи.
Актерката и нејзиниот избраник својата врска јавно ја објавија во 2018 година, а името на Маруни за сите во шоу-бизнисот беше потполно непознато. Кук ја води познатата галерија Гледстоун 64 во Њујорк, а на друштвените случувања ретко се појавува.
Џенифер неодамна одлучи да организира моминска вечер за женското друштво по повод венчавката која следи, но сè не одеше по планот. На почетокот Џенифер најави дека ќе нема моминска вечер, а потоа се предомисли и организираше сè во последен момент, но се испостави дека гостите не биле спремни за нејзините необични желби и скоро никој не можел да дојде, а тоа навистина ја погоди актерката.
Според некои извори, се очекува да има околу 150 гости на венчавката на актерката, но за фустанот сè уште се дебатира кој би можел да биде дизајнерот. Се верува дека засега најголеми се шансите тоа да биде Диор, со оглед на тоа што актерката е веќе со години лице на брендот, а и во последно време сè почесто се појавува со нивни креации на црвениот тепих.
Лоренс во 2015 и 2016 година беше прогласена за најплатената глумица на светот, додека лани заврши на 4-то место на таа листа. Пред Маруни, имаше неколку врски, меѓу кои и врските со режисерот Дарен Аронофски, со музичарот Крис Мартин и со глумецот Николас Хоулт.