10.8 C
Скопје
18:27 - 11 март, 2026

Џенифер Лопез: Сега можам сѐ да направам, се чувствувам моќно!

Instagram

Зошто да не можам да изградам неколку деловни империи од три или четири милијарди долари, наместо само една рече таа за WSJ

Instagram
Instagram

Џенифер Лопез (51) скоро го најави и лансирањето на нејзиниот козметички бренд кој ќе го носи нејзиниот прекар. Брендот и креирањето на козметичка линија која ќе го носи нејзиниот потпис претставува остварување на нејзиниот животен сон, но латино дивата не планира да застане само на него.

Во интервју за списанието WSJ, Лопез откри дека само затоа што гради една империја не значи дека не може да гради уште три или четири паралелно.

Познатата американска ѕвезда изјавила дека благодарение на нејзиниот вереник Алекс Родригез, кој и е најголема поддршка се чувствува како да може да направи баш сѐ што некогаш замислувала.

Instagram
Instagram

Зошто да не можам да изградам не една, туку три или четири деловни империи од неколку милијарди долари, се прашува Лопез, притоа споделувајќи дека Алекс и ја дава таа храброст за нови успеси, планови и предизвици.

Како што открива, не планира да застане на сопствениот бренд за убавина кој наскоро треба да го промовира на пазарот, особено кога ја има целосната поддршка од својот свршеник.

Instagram
Instagram

– Кога Алекс влезе во мојот живот, тој ми рече: „Ајде да ја создадеме твојата компанија за убавина и нега на кожата. Тоа е твој сон, ајде да го создадеме заедно“, открива Лопез, велејќи дека нејзиниот вереник буквално и ги отворил очите кон нешто ново во нејзината кариера.

Во интервју за магазинот WSJ, Лопез отиде дотаму што рече дека таа и Родригез се „близнаци по душа“ и дека нивниот заеднички стремеж е да создаваат и да се поддржуваат во животот.

Не ги знаеме границите и можеме да направиме сѐ што ќе ни падне на ум. Напишано е во нашата ДНК, вели Лопез.

Instagram
Instagram

Зад лансирањето на нејзиниот козметички бренд се крие нејзината желба да ги инспирира жените ширум светот да го сторат истото.

Се чувствувам младо и моќно и сакам да им покажам на сите жени како да бидат уште помоќни, заклучува Лопез.

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо
Се вчитува....