13:32 - 6 април, 2026

Десингерица оди на операција: „Ќе направам пауза, а потоа ќе видиме како понатаму“

Раперот Драгомир Деспиќ – Десингерица моментално настапува низ целиот регион и полни ноќни клубови. Тој неколку пати нагласилдека се дава 100 отсто, но таквото темпо носи и ризици и последици.

Раперот откри дека наскоро мора да оди на операција, поради што ќе земе и кратка пауза.

„Треба да ги оперирам крајниците, ама сега немам време. Кога ќе заврши сезоната, тогаш ќе одам“, сподели тој.

Се осврна и на шпекулациите дека кариерата му има рок.

„Уште сум мотивиран оваа година, за следната ќе видиме. Работлив сум, снимам спотови, ќе видиме. Имам најмногу настапи од сите колеги во Црна Гора. Букран сум до крај на сезоната. Моите резултати зборуваат сè“, изјави за „Премиера Викенд Специјал“.

Да потсетиме, околу Десингерица минатата година имаше голема бура поради еден од многуте шок настапи, по што се огласи и Министерството за култура и медиуми на Црна Гора и изрази загриженост.

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....