7.8 C
Скопје
19:36 - 20 февруари, 2026

Денеска ќе наполнеше 76 години: На денешен ден е роден Оливер Драгојевиќ, најголемата хрватска ѕвезда

Оливер Драгојевиќ, најголемото музичко име во Хрватска, е роден на денешен ден во 1947 година. Да не нѐ напуштеше во 2018 година, кога почина како последица од ракот на белите дробови, денеска ќе наполнеше 76 години.

За време на неговата музичка кариера ги полнеше најголемите сали ширум светот. Настапуваше во Австралија, Њујорк, Лондон, Париз… Ги отпеа некои од најубавите евергрини како „Скалинада“, „Галеб и ја“, „Цесарица“, „Молитва за Магдалену“, „Прости ми папе“…

Што се однесува до роденденските прослави, Драгојевиќ никогаш не криел дека, што се однесува до него, може и без тоа.

„Тие роденденски прослави по педесеттиот роденден веќе станаа еден вид ритуал. Отпрвин мрчам и ги уверувам сите околу мене дека нема да славам ништо. Потоа ми организираат прослава, а јас уште малку мрчам, иако ќе признаам, мило ми е“, изјави тој пред неколку години.

Тој ја сакаше музиката и имаше соништа поврзани со неа, кои за жал не успеа да ги изреализира до крај.

„Никогаш доволно соништа. Кога ќе ги постигнете, тие веќе не се соништа. Имам уште неколку соништа, но засега само ги сонувам и се надевам дека ќе успеам да ги остварам. Моите соништа не се никаква тајна, тие се поврзани со музика. Ако успеам да ги претворам во јаве, ќе биде добро. Ако не, повторно ќе биде добро затоа што сум задоволен од тоа што го работам. Јас сум еден од оние среќни луѓе кои уживаат во животот и работата што ја сакаат“, сподели Драгојевиќ во истата прилика.

Слични објави

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.
Се вчитува....