8.8 C
Скопје
01:47 - 25 октомври, 2026

Прашање на момент е кога ќе го нема: Времето отчукува за легендарниот актер Брус Вилис, семејството не се одвојува од него 24 часа

Легендарниот актер Брус Вилис води битка со деменцијата, а неговото семејство не се одвојува од него, наведувајќи дека актерот е во лоша форма и дека е само прашање на време кога ќе ја загуби битката со оваа болест.

Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од светот на филмот. На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест на губење на способноста за зборување, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција. Покрај неговата сегашна сопруга Ема Хеминг Вилис и неговите деца Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин, кои ги имаше во два брака, славниот актер во тешките моменти има голема поддршка и од неговата поранешна сопруга Деми Мур, пренеува „Телеграф“.

Како што пренесуваат странските медиуми, неговата состојба е неизвесна, а најмалку еден член од семејството е постојано со него. Актерот на хит филмот „Умри машки“ деновите ги поминува со сопругата Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте деца.

„Кога на Брус му беше дијагностицирана болеста, сите се собраа за да го зачуваат неговото сеќавање на неговото семејство“, изјави извор за Us Weekly и додаде – „Сите се таму цело време. Ова искуство уште повеќе го зближи семејството. Никој не знае колку време му преостанува на Брус Вилис, па го впиваат секој момент со него“.

инстаграм

Истиот извор откри и дека „сè се врти околу“ актерот и дека тој имал „многу повеќе лоши денови отколку добри“ во изминатите неколку месеци. Друг извор додаде дека актерот „има 24-часовна грижа, и барем еден член од семејството е секогаш со него“. Тој, исто така, поминува време со својата внука Луета, која неговата ќерка Румер ја пречека во април.

„Румер сака Луета да го запознае Брус. Таа сака тој да биде активно вклучен во животот на Луета. Тоа е многу посебен однос“, вели изворот.

Во февруари, неговото семејство соопшти дека неговата состојба се влошила со „сурова“ дијагноза на деменција. Оттогаш, семејството се собира за секој празник за да ужива во времето заедно.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....