15:07 - 6 април, 2026

Дарко Лазиќ ја призна вината: Пејачот заврши во полиција, еве што им кажал на службениците

Дарко Лазиќ пред два дена бил во полициската станица на Савски венец во Белград, каде што официјално признал вина за сообраќајната несреќа што ја предизвика минатата недела.

Иако во јавност тврдеше дека не е виновен и дека несреќата се случила поради дождот, во полициските простории ја сменил изјавата.

„Дарко во четвртокот стигна во полиција околу шест часот попладне и таму се задржа доста време. Беше добро расположен, разговараше нормално со службените лица, но кога му беше укажано на неговото непримерно однесување зад воланот, тој ја призна вината и вети дека ќе биде повнимателен во секој сегмент од животот, не само во возењето“, изјавил извор близок до пејачот.

Да потсетиме, минатата недела Лазиќ доживеа стравична сообраќајка во која за среќа никој не загина – ниту тој и неговата сопруга, ниту возачот на автобусот во кој удри. Автомобилот бил целосно уништен, а пејачот тогаш изјави дека „такви работи можат да му се случат на секого“, но колегите од естрадата жестоко ги осудија неговите зборови и изразија загриженост за неговата безбедност и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....