11:48 - 7 април, 2026

Дали Милан Станковиќ има нова девојка? Пејачот наводно лудо вљубен во атрактивна бринета, а се огласи и Рада Манојловиќ

Милан Станковиќ, кој последниве години целосно се повлече од јавноста и се посвети на духовниот живот, според пишувањата на медиумите, наводно започнал љубовна врска со мистериозна бринета која целосно се прилагодила на неговиот начин на живот.

Пејачот веќе подолго време живее повлечено, не е активен на социјалните мрежи и ретко се појавува во јавноста. Се знае дека редовно посетува манастири, како во Србија, така и во странство.

Извор близок до него за српските медиуми изјавил:

„Милан е навистина заљубен и пресреќен што нашол девојка која го разбира. Веднаш се поврзаа и одлично се сложуваат. Таа нема ништо против што тој посетува свети места, дури и самата планира да му се придружи на некои од патувањата. Не сака да биде во центарот на вниманието бидејќи води мирен живот. Засега сè е прекрасно помеѓу нив, а наскоро планираат и да живеат заедно.“

Иако Милан остана во коректни односи со својата поранешна партнерка Рада Манојловиќ, таа за медиумите откри дека ништо не знае за новата врска:

„Не знам ништо за тоа. Не ми кажал дека има девојка“, изјави Рада кратко.

Останува да видиме дали Станковиќ ќе ја потврди веста или ќе продолжи да го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста.

Слични објави

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin
Се вчитува....