Холивудската глумица Алисија Милано на својот инстаграм-профил објави видео во кое ги покажа последиците што ги има по прележувањето на коронавирусот.
![](https://www.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2020/08/w_01961603-e1597063137331.jpg)
Алисија снимала колку коса губи при само едно чешлање.
„Да ви покажам што ѝ прави ковид-19 на вашата коса. Ве молам, сфатете го вирусот сериозно и носете маски“, напиша Милано под видеото кое има преку 800.000 прегледи.
Кон крајот на минатата недела Алисија објави дека била заразена со корнавирус и со болеста се борела скоро четири месеци.
„Мислев дека умирам. Никогаш не сум била толку болна. Имав чувство дека слон ми седи на градите.“, напиша глумицата под фотографијата на која е приклучена на апарати за дишење.