5.8 C
Скопје
06:39 - 1 април, 2026

Цела поранешна Југославија го знае како Ален Исламовиќ, но тој всушност не се вика така

Пејачот Ален Исламовиќ се прослави во бендовите „Дивље јагоде“ и „Бијело дугме“, но помалку е познато дека своевремено го сменил името.

– Кога се појавија „Дивље јагоде“, групата во која пееше Исламовиќ, челниците на поранешниот „Југотон“ дојдоа до идеја која на почетокот не му се допадна на пејачот. Тие му предложија наместо неговото име Алија да почне да го користи уметничкото име Ален, со образложение дека подобро звучи и дека ќе добие поголема популарност кај публиката. Малку се двоумеше, не сакаше да го смени името, но брзо попушти и ги послуша советите на претпоставените. Денес речиси никој не знае дека вистинското име на Ален е Алија, бидејќи тој никогаш не сакаше да зборува за тоа во јавноста – изјави извор кој инсистирал да остане анонимен.

Исламовиќ пред неколку години за српски Курир Старс потврди дека неговото вистинско име е Алија.

– Тоа е вистина. Нема ништо чудно во тоа, многу светски ѕвезди избираат поинакво име за да и се претстават на јавноста, најчесто некое што звучи попривлечно. Така беше и во мојот случај – изјавил пејачот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....